Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2012

Роби Кин го пропушта натпреварот со Германија

Фудбалската репрезентација на Ирска ќе биде значително ослабена за вечерниот натпревар против Германија во Квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година поради повредата на капитенот Роби Кин.

Поради постојани проблеми со Ахиловата тетива, Кин падна на псоледната фитнес проверка вчера попладне и нема да биде во конкуренција за составот на Џовани Трапатони кој вечерва ќе ѝ се спротивстави на моќната Германија.
„Веќе подолго време имам проблем со Ахиловата тетива, Во вторникот добив нов удар во неа на тренингот по што дополнително потече. Се надевам дека би можел да бидам подготвен за мечот“, изјави во средата Кин по тренингот на репрезентацијата кој го проследи од клупата.
Сите надежи за негов настап вчера ги потопи фитнес тестот, кој Кин не го помина поради болки.
По натпреварот со Германија, Ирска за четири дена ќе го игра и вториот квалификациски дуел, на гости против Фарските острови. Ирска досега одигра само еден натпревар во групата Ц, против Казахстан, на кој победи на гостински терен со 2-1.

Најнови вести