Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2013

Кака во Милан шест месеци

Договорот меѓу Реал Мадрид и Милан е постигнат и по четири години поминати во кралскиот клуб, Кака ќе го напушти Реал.

Адријано Галијани, потпретседателот на Милан, договори шестмесечен заем на Бразилецот, кој за „росонерите“ ќе игра до март, кога ќе се пресели во Лос Анџелес галакси, кој на Реал ќе му плати 20 милиони евра.
„Кака се враќа во својата куќа. Ќе биде големо засилување за нас и со своето искуство ќе ни помогне да се вклучиме во борбата за Скудетото. Кај нас ќе остане шест месеци“, изјави Адријано Галијани.
Кака во Реал дојде во 2009 година и поради проблеми со повредите одигра само 85 натпревари и постигна 23 погодоци.

Најнови вести