Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Стивен Џерард оди во пензија

Светот на фудбалот ќе го напушти уште една жива легенда, Стивен Џерард оди во пензија откако неговиот Лос Анџелес галакси ја заврши сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Неговиот последен потег беше голот од единаесет метри кој го постигна во серијата пенали во полуфиналето на МЛС-лигата на Западот, а го совлада поранешниот ривал од Мерсисајд, некогашниот голман на Евертон, Тим Хауард.
Џерард има 36 години, најголемиот дел од кариерата, 17 сезони помина во Ливерпул, кој 12 години го предводеше како капитен, а на 710 натпревари постигна 186 голови.
Со „црвените“ беше шампион на Европа во 2005 година, освои уште осум трофеи, но меѓу нив не е Премиер лигата. За репрезентацијата настапи 114 пати и постигна 21 гол.
Претходните две сезони настапуваше за Лос Анџелес галакси, за кого на 38 натпревари постигна пет голови, а ниту во САД не стигна до шампионската титула.
Навивачите на Ливерпул се надеваат дека би можело да се врати во саканиот клуб, кој моментно е меѓу кандидатите за титулата во Премиер лигата. Неодамна менаџерот Јирген Клоп наведе дека тој секогаш е добредојден во Ливерпул.

Најнови вести