Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2015

Лос Анџелес галакси потврди: Доаѓа Џерард

Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, на крајот на сезоната кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес галакси, изјави тренерот на клубот Брус Арена.

„Џерард доаѓа во јули. Тој е многу квалитетен играч и не се грижам како ќе се вклопи во нашиот тим“, изјави Арена за „Лос Анџелес тајмс“.
Џерард во петокот соопшти дека по 17 години ќе го напушти Ливерпул, за кого досега одигра 696 натпревари и постигна 182 гола во сите натпреварувања.
Тој би требало со Галакси да потпише договор на година и пол вреден околу седум милиони евра.
Коби Брајант на Џерард му посака добредојде и изјави дека едвај чека да го види на теренот.
Познато е дека Брајант го следи и го сака фудбалот, со оглед на тоа дека е роден и израснал во Италија.
„Добре дојде во Лос Анџелес. Едвај чекам да дојдам да те гледам како играш. Уживај во Лос Анџелес“, изјави Брајант.

Најнови вести