Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2015

Хендерсон: Заминувањето на Џерард е загуба

Џордан Хендерсон, фудбалерот на Ливерпул, изјави дека заминувањето на Џерард е голема загуба за тимот, но дека екипата има сила да продолжи понатаму.

Капитенот Стивен Џерард летово ќе го напушти клубот по 17 години и кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес галакси.
„Неговото заминување претставува огромна загуба за тимот, тој е наш лидер со големо влијание. Сепак, мораме да продолжиме, мислам дека играчите може да напредуваат и да ја презентираат добро следната сезона“, изјави Хендерсон за „Скај спорт“.
Хендерсон во Ливерпул дојде во 2011 година од Сандерленд и најверојатно ќе ја преземе капитенската лента од Џерард.
Тој оваа сезона одигра 51 натпревар и постигна седум голови во сите натпреварувања.

Најнови вести