Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2015

Џерард: Следната сезона ќе ми биде последна

Стивен Џерард откри дека следната сезона во ЛА Галакси ќе му биде последна во кариерата.

Лос Анџелес галакси не ја одбранија титулата во МЛС, испаднаа во плејофот од Сиетл саундерс, а триесет и петгодишната легенда на Ливерпул даде интервју за клупскиот сајт.
„Сакам да се повлечам додека сум на врвот. Не сакам да се чувствувам како сега. Сезоната во МЛС е долга и потешка отколку што многумина претпоставуваат. Имаше многу пречки за кои не бев ни свесен. Следната сезона веројатно ќе ми биде последна“, изјави Џерард.
Фудбалерот од средината на теренот одигра 114 натпревари за репрезентацијата на Англија, а единствена цел по преселбата во САД му е да ја освои титулата со Галакси следната сезона.

Најнови вести