Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2018

Ибрахимовиќ: Лавот и понатаму е гладен

Златан Ибрахимовиќ вчера беше официјално претставен во неговиот нов тим, Лос Анџелес галакси, за кого ќе игра до крајот на сезоната.

Ибрахимовиќ на конференцијата за медиумите изјави дека пред две години бил на чекор да дојде во МЛС-лигата.
„Сè требаше да се одигра пред неколку години, во главата веќе бев овде. Сакав да дојдам. Не се случи, но судбината рече дека сепак ќе дојдам. Ме побараа од Лос Анџелес и се согласив. Овде дојдов да победувам. Знам дека ќе успеам“, изјави Ибрахимовиќ.
Тој се претстави со одбрани зборови.
„Се чувствувам млад, како Бенџамин Батон. Роден сум стар, ќе умрам млад. Не грижете се за моите години, знам дека имам 37. Во Англија стигнав во инвалидска количка, рекоа дека сум стар. Ја освоив Англија за три месеци. Тоа се само бројки. Овде ја донесов својата фамилија, жената може да се грижи за децата, а јас за фудбалот. Утре е натпреварот, а јас сум подготвен. Лавот и понатаму е гладен“, изјави Ибрахимовиќ.

Најнови вести