Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2017

Ибрахимовиќ сега во Атлетико од Мадрид, а ќе потпише во јануари

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ штом закрепне од повредата, би можело да потпише договор со Атлетико од Мадрид, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.

Атлетико Мадрид во јануари наредната година ќе може да доведува засилувања, по истекувањето на забраната на ФИФА, а Швеѓанецот токму тогаш ќе биде подготвен да се врати на теренот по повредата на лигаментите на коленото.
На Златан Ибрахимовиќ му истече договорот со Манчестер јунајтед и без оштета ќе може да ѝ се придружи на екипата на Диего Симеоне.
Планот на челниците на Атлетико е Ибрахимовиќ во медицинскиот тим на „јорганџиите“ да го помине закрепнувањето и подоцна да се вклучи во работа со играчкиот кадар.
Атлетико е во потрага по напаѓач од светска класа, покрај Антоан Гриезман, а покрај Ибрахимовиќ, се споменуваа Диего Коста од Челзи и Александр Лаказет, напаѓачот на Лион.

 

Најнови вести