Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2017

Де Роси: Среќа што Ибрахимовиќ веќе не игра за Шведска

Репрезентациите на Шведска и на Италија меѓусебно ќе се борат во баражот за пласман на Светското првенство во Русија.

Даниеле де Роси, еден од најискусните фудбалери на италијанската репрезентација, изјави дека му е мило што Златан Ибрахимовиќ се повлекол од репрезентацијата на Шведска.
„Фактот дека го нема Ибра, е предност за секој тим кој мора да игра против нив. Дури и на 40-годишна возраст со скршена нога не би го сакал за противник. Тоа е олеснување за нас, а секако е подобро што Ибра не е со нив“, изјави италијанскиот репрезентативец.
Де Роси изјави дека смета дека да се игра на Светското првенство е голема работа за секој играч.
„Ако Светското првенство ми е важно мене, а веќе играв на три, како ли им е на оние кои никогаш не играле таму. Настапот на Мундијалот е сè во животот и во кариерата за фудбалерите. Тоа е фаза која ја покажува вистинската вредност. Мораме да победиме, веројатно сме посилни од Шведска, но секако дека постои мал страв бидејќи фудбалот се промени. Многу репрезентации се засилија“, изјави Даниеле де Роси.

Најнови вести