Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.11.2017

Селекторот на Шведска се изнервира: Ибра е минато!

Јан Андерсон, селекторот на Шведска, по победата над Италија, изјави дека е изнервиран поради тоа што медиумите очекуваат да го врати Златан Ибрахимовиќ во тимот за Светското првенство.

Швеѓаните се пласираа на Мундијалот по паузата од 12 години, по групното натпреварување во кое одлично се носеа со Франција и ја исфрлија Холандија, а „аѕурите“ ги шокираа во баражот.
Шведската јавност се надева дека во тимот во Русија ќе биде најдобриот стрелец на селекцијата на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ, иако тој се пензионира минатото лето, по Европското првенство.
„Ова е неверојатно. Тој фудбалер престана да игра за Шведска пред година и пол, а ние и понатаму зборуваме за него. Мораме да зборуваме за големите играчи кои ги имаме во овој тим, барем така верувам. Имаме многу херои. Малку сум вознемирен бидејќи очигледно сме многу среќни со резултатот“, изјави Андерсон.
Шведска со Ибрахимовиќ во тимот ретко одеше на големите натпреварувања, а на оние на коишто беше, не се прослави.
„Кога Ибрахимовиќ беше овде, игравме поинаков стил на фудбал. Имајќи го предвид тоа дека тој одлучи да го напушти репрезентативниот фудбал, тој е голем шампион, ние моравме да се адаптираме и да најдеме нов стил“, додаде селекторот на Шведска.
Според неговите зборови, Шведска против Италија покажала дека е многу силен тим.
„Ова беше демонстрација на нашата сила како група. Многу сум среќен, но пред сè заради овие играчи. Ова за многумина веројатно беше последна шанса да се пласираат на Светското првенство“, изјави Андерсон.
Ибрахимовиќ го прослави пласманот на неговите неодамнешни соиграчи на Светското првенство со тимска слика на неговиот профил на „Твитер“ со порака: „We are Sweden“.

Најнови вести