Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2017

Погба најдобар фудбалер во Лигата на Европа

Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед, избран е за најдобар играч на Лигата на Европа во минатата сезона.

Погба е избран за најдобар пред соиграчите Златан Ибрахимовиќ и Хенрих Мхитарјан, со коишто минатата година го освои тоа натпреварување.
Во изборот учествуваа 48 тренери и 55 новинари. Погба доби 140 бодови, Мхитарјан 129, а Ибрахимовиќ 20 бодови помалку.
„Среќен сум и почестен што станав прв играч кој ја освои наградата за најдобар фудбалер на Лигата на Европа“, изјави Погба, кој го постигна првиот гол во победата на Јунајтед од 2-0 против Ајакс во финалето на Лигата на Европа во мај.
Јунајтед благодарение на триумфот во Лигата на Европа обезбеди пласман во Лигата на шампионите оваа сезона.
„Се надевам дека новата сезона ќе биде успешна како и минатата, и за мене и за клубот“, додаде 24-годишниот француски фудбалер.

Најнови вести