Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2018

Мурињо: Златан ја игра последната сезона во Јунајтед

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Златан Ибрахимовиќ ќе си оди од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.

Швеѓанецот одигра само два натпревара поради серијата повреди, а летоска потпиша договор до крајот на сезоната.
Ибрахимовиќ во Јунајтед дојде во јули 2016 година од ПСЖ, а пред тоа играше за Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.
„Мислам дека Златан ја игра последната сезона во Јунајтед, а нему му останува да одлучи дали ќе продолжи да игра или не. Срамота е повредата во незгоден момент да фрли сенка на одличната кариера. Тешка сезона за Ибрахимовиќ“, изјави Мурињо на конференцијата за медиумите пред натпреварот против Кристал палас.
Фудбалерот кој во клупската кариера има 31 трофеј во дресот на репрезентацијата на Шведска играше 116 пати и постигна 62 гола.

Најнови вести