Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2018

Мурињо: На Златан му се ближи крајот на кариерата

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека верува дека на Златан Ибрахимовиќ му преостанало уште малку играње на врвно ниво.

Ибрахимовиќ летото 2016 година стигна на „Олд Трафорд“, беше еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“ додека не доживеа тешка повреда на коленото во април. На теренот се врати во ноември, но одигра само пет натпревари во Премиер лигата пред новата повреда.
„Би сакал да му бев тренер кога имаше 29 години и кога играше во Интер. Не можеме да го запреме времето, но тоа многу им значи на фудбалерите. И Златан го знае тоа. Знае дека се ближи крајот на неговата кариера на врвно ниво, но неговиот сон и желба се тој дел да го заврши баш во Манчестер јунајтед“, изјави Мурињо.
Триесет и шестгодишниот Швеѓанец на теренот би требало да се врати во февруари, изјави токму Мурињо пред неколку дена.
Ибрахимовиќ е еден од најдобрите голгетери во Европа во последните две децении, а пред Јунајтед, со голем успех играше во Холандија, Италија, Шпанија и Франција. Минатата сезона постигна 28 гола за Јунајтед во сите натпреварувања, и покрај тоа што многумина се сомневаа дали го може тоа поради неговите години.
Во текот на поголемиот дел од кариерата, Ибрахимовиќ успеваше да ги избегне повредите, а и покрај проблемите во последно време, Мурињо верува дека може да биде од голема корист.
„Морам да го повторам она што тој го нагласува, дека сака да ни биде корисен мене и на тимот, а јас сметам дека тој го може тоа. Само мора да биде задоволен од неговото колено, од неговата состојба и сè ќе биде во ред. Како водач во соблекувалната и на теренот, како квалитетен играч на теренот, тој го може тоа и го заслужува, а јас ќе му помогнам“, додаде португалскиот стручњак.

Најнови вести