Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2017

Мурињо: Ибрахимовиќ ќе игра против Њукасл

Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Маркус Рохо, фудбалерите на Манчестер јунајтед, ќе конкурираат за тимот на натпреварот против Њукалс викендов, изјави Жозе Мурињо.

Ибрахимовиќ се враќа на теренот речиси по седум месеци од тешката повреда на коленото здобиена на 21-ви април против Андерлехт, во реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Европа.
Во меѓувреме, и покрај повредата, го продолжи договорот на уште една сезона, но го зеде бројот десет на дресот, а деветката му ја препушти на Ромелу Лукаку.
„Ибрахимовиќ нема да и игра сите 90 минути, но важно е дека се враќа. Секако дека може да игра со Лукаку, на добрите играчи лесно им е да играат заедно“, изјави Мурињо.
Рохо нема играно од дуелот против Челзи на 16-ти април, а Погба беше отсутен од 12-ти септември, од натпреварот против Бразил.
„Не сме истиот тим со Погба и без него, враќањето на таков играч многу ме радува“, додаде Мурињо.
Манчестер јунајтед денес, од 18.30 часот го дочекува Њукасл.

Најнови вести