Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2016

Џерард на клупата на третолигаш од Англија?

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Стивен Џерард е кандидат за тренер на третолигашот Милтон Кејнс Донс, пренесе „Скај спортс“.

Тој минатата сезона играше за Лос Анџелес галакси, каде што направи трансфер од Ливерпул по седумнаесетте години поминати на „Енфилд роуд“.
Поранешниот капитен на „црвените“ на почетокот на оваа седмица изјави дека на крајот на сезоната ќе ги напушти Галакси и ќе се врати во Европа.
Британските медиуми шпекулираа дека Џерард ќе се врати на „Енфилд роуд“ или дека ќе потпише за Селтик.
Џерард учи за тренерска лиценца А на УЕФА, а извор на „Скај спортс“ пренесе дека триесет и шестгодишниот играч за врска е најсериозен кандидат за тренер на третолигашот МК Донс.
Во третата лига, по 17 одиграни кола, МК Донс се наоѓа во зоната на испаѓање, на 21-вото место со 17 бодови, а поради лошите резултати минатиот месец беше отпуштен тренерот Карл Робинсон.
Екипата нема победено во првенството од први октомври, од натпреварот со Олдам.
Во следното коло МК Донс утре ќе игра против Бристол роверс, а екипата ќе ја води привремениот тренер Ричи Баркер.

Најнови вести