Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2015

Џерард: „Ги изневерив навивачите и соиграчите“

Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, изјави дека оправдано е исклучен против Манчестер јунајтед и дека со раното излегување од игра, ги изневерил соиграчите и навивачите.

„Морам да го прифатам тоа, одлуката е оправдана. Ги изневерив соиграчите и навивачите и ја преземам одговорноста. Во фудбалот сум доволно долго за да направам вакво нешто“, изјави Џерард.
„Црвените“ на „Енфилд роуд“ беа поразени од големиот ривал (2-1) и сега зад него во борбата за четвртото место на табелата, кое води во квалификациите за Лигата на шампионите, заостануваат со пет бодови.
Џерард во игра влезе во второто полувреме, но беше исклучен по 48 секунди бидејќи го згазна на глуждот Андер Ерера.
„Не знам што ја предизвика мојата реакција. Не знам. Можеби беше реакција на првобитниот старт. Не би требало веќе да зборувам за тоа, само дојдов во соблекувалната да им се извинам на соиграчите и на навивачите“, изјави Џерард.

Најнови вести