Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2015

Џерард пред пауза од три седмици

Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, би можело да паузира три седмици поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Џерард се повреди во текот на натпреварот со Тотенхем во вторникот, кога со голот од пенал му помогна на својот тим да слави со 3-2.
Тој пред крајот на натпреварот излезе од теренот, а ако прогнозата е точна, ќе пропушти дури пет натпревари.
Прво нема да игра против Кристал палас во ФА купот, потоа со Саутхемптон и Манчестер јунајтед во Премиер лигата, како и на двомечот со Бешикташ во Лигата на Европа.
Џерард ја игра последната сезона на „Енфилд роуд“, бидејќи налето ќе стане играч на Лос Анџелес галакси.
Оваа сезона постигна десет голови и е прв стрелец на екипата.

Најнови вести