Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2015

Мурињо: Џерард ме направи подобар

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, пред дуелот со Ливерпул изјави дека капитенот на „црвените“, Стивен Џерард го направил подобар тренер.

Претстојниот дуел на „Стемфорд бриџ“ ќе биде последна пресметка на Мурињо и Џерард кој летово ќе прејде во американската МЛС лига.
„Мојот драг непријател ме направи подобар менаџер затоа што беше многу тешко да го запреш. Тажен сум што ова ни е последен дуел“, изјави Мурињо кој истакна дека три пати се обидел да го доведе Џерард во свој тим.
Џерард беше на чекор од Челзи за време на првиот мандат на Мурињо на „Стемфорд бриџ“ летото 2005 година, а португалскиот стручњак се обидел да го доведе и во Интер и во Реал Мадрид.
„Сега е доцна да го доведам. Не може да игра против Ливерпул. Направи неверојатни работи за време на кариерата. Одби да игра за други големи клубови, во други големи лиги, играше само за Ливерпул“, истакна Мурињо.
Џерард беше во тимот на Ливерпул кој го совлада Челзи во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2005 година кога стана европски првак со „црвените“.
Меѓутоа, минатата сезона по негова грешка му овозможи на Демба Ба да го доведе Челзи до водство од 1-0 за победа од 2-0 по што Ливерпул ја загуби трката по шампионската титула од Манчестер сити.

Најнови вести