Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2015

Џерард суспендиран на три натпревари

Фудбалскиот сојуз на Англија го суспендира Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, на три натпревари поради исклучувањето на дербито од 30-тото коло на Премиер лигата против Манчестер јунајтед.

Стивен Џерард, легендата на клубот од „Енфилд роуд“, непромислено го згазна противничкиот играч, поради што на почетокот на второто полувреме доби директен црвен картон, по неполна минута откако влезе во игра од клупата.
Џерард поради суспензијата ќе ги пропушти првенствените натпревари против Арсенал и против Њукасл, како и полуфиналето на ФА купот против Блекбурн.
Ливерпул во неделата на домашен терен беше поразен од Манчестер јунајтед со 2-1 и моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 54 бодови.

Најнови вести