Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2014

Џерард: Ливерпул не заслужи ништо

Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, постигна одличен гол во натпреварот против Базел во Лигата на шампионите, но и покрај тоа, „црвените“ не успеаја да се изборат за второто место во групата Д на ова натпреварување.

Англискиот премиерлигаш одигра реми на „Енфилд роуд“, по што го освои третото место и ќе се продолжи во Лигата на Европа. Џерард беше најразочаран од овој исход и изјави дека со прикажаните игри на шесте натпревари, Ливерпул не заслужил да биде меѓу 16-те најдобри клубови во Европа.
„Да бидам искрен, не заслуживме да се пласираме во осминафиналето. Не станува збор само за овој натпревар, одигравме под можностите на гостувањето во Базел, примивме смешен гол на гостувањето во Софија... Знаеме што значи да се квалификуваш преку шест натпревари, ние не бевме доволно добри во поголемиот дел од овие шест средби, па, за жал, морам да признам дека заслужено не се пласиравме понатаму. Мораме да почнеме да постигнуваме повеќе погодоци. Стариџ треба да се врати, Балотели треба да почне да постигнува голови. Момчињата денес дадоа сè од себе, но како што реков, неуспехот не се должи само на вечерашниот натпревар против Базел“, изјави Џерард.

Најнови вести