Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2015

Хендерсон официјално капитен на Ливерпул

Стивен Џерард официјално доби наследник-капитен во Ливерпул, лентата во иднина ќе ја носи Џордан Хендерсон.

Тој е новиот капитен на великанот од Енфилд по 17 години „владеење“ на Џерард, во кој пристигна во 2011 година од Сандерленд и досега има одиграно речиси 200 натпревари.
Одлуката е повеќе од очекувана, бидејќи Хендерсон и минатата сезона беше заменик капитен и го предводеше тимот кога Џерард не беше на теренот.
„Воодушевен сум и горд. Голема привилегија и чест е да се биде капитен на овој клуб. Многу научив од Стиви за тоа како треба да се однесува капитенот на теренот, а и надвор од него. Секогаш учите од најдобрите играчи, а Стивен е баш тоа. Ќе се трудам да дадам се од себе, тимот секогаш е во прв план и ќе се обидам да му помогнам“, рече 25-годишниот Хендерсон за клупската интернет-страница.
За репрезентацијата на Англија досега има 20 настапи.

Најнови вести