Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2014

Манчини го сака Џерард во Интер

Роберто Манчини, новоизбраниот тренер на Интер, во зимскиот преоден рок би сакал да го ангажира Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, тврдат англиските медиуми.

На Џерард во јуни му истекува договорот со Ливерпул, а самиот неодамна најави дека ова би можело да му биде последна сезона на „Енфилд роуд“.
Исто така, претходните седмици англискиот фудбалер беше поврзуван со евентуален трансфер во Космос од Њујорк.
Триесет и четиригодишниот Џерард целата кариера ја помина во Ливерпул, одигра 678 натпревари и постигна 176 голови.
Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, два пати ФА купот, три пати Лига купот, Комјунити шилд и Суперкупот на Европа.
За репрезентацијата на Англија настапи 114 пати и постигна 21 гол, а летоска по Светското првенство во Бразил се збогува од националниот дрес.

Најнови вести