Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2014

Џерард: Руни ги заслужи рекордите

Стивен Џерард, капитенот на Ливерпул, изјави дека Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер јунајтед, заслужил да влезе во историјата на репрезентацијата на Англија.

Руни на денешната пријателска средба со Финска ќе го одигра својот стоти натпревар за „гордиот Албион“.
„Тој целосно го заслужи тоа, тој е фудбалер од голем калибар, направи многу за Јунајтед и навистина го заслужи тоа, иако ме убива го кажувам тоа“, изјави Џерард за клупскиот ривал и репрезентативен соиграч.
„Сето тоа го пренесе и на меѓународната сцена, константно игра добро и постигнува голови. Секој кој ќе ги гледа рекордите, ќе го види името на Вејн Руни и мислам дека тој заслужи да биде во тоа друштво“, додаде Џерард.
Руни е четврти на листата на најдобри стрелци на Англија во историјата со 43 голови, само со шест зад Боби Чарлтон.

Најнови вести