Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2013

Ирска дефинитивно без Кин против Австрија

Џовани Трапатони, селекторот на ирската фудбалска репрезентација, прими разочарувачка вест од својата лекарска служба пред квалификацискиот дуел за Светското првенство против Австрија.

За Ирска во средбата во Даблин нема да настапи капитенот Роби Кин, кој го повреди листот на ногата во натпреварот минатиот петок против Шведска во Стокхолм, во кој неговата репрезентација откина голем бод одигрувајќи 0-0.
Кин, кој за репрезентацијата настапи 123 пати, се појавил на неделниот тренинг на екипата, но не одработил ниту минута.
Трапатони на местото на Кин денес ќе го испрати напаѓачот на Вулверхемптон, Кевин Дојл.
Ирска по четири одиграни натпревари го зазема четвртото место во групата Ц со седум освоени бодови, колку што има и третопласираната Австрија. Шведска е втора со осум бодови, додека водечка е Германија со 13, но има и натпревар повеќе од споменатите репрезентации.

Најнови вести