Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2018

Пријателски: Австрија подобра од Русија

Австрија и Русија одиграа пријателски натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство, на кое домаќин ќе биде токму Русија.

Австрија славеше со 1-0, со голот кој во 28-мата минута го постигна Алесандро Шепф, по асистенцијата на Марко Арнаутовиќ.
Двајцата селектори извршија по две измени, така што тешко е да се оцени што може да се очекува на Светското првенство од домаќинот, кој е поразен од селекција која нема да биде на Мундијалот.
Во останатите пријателски натпревари одиграни вчера се остварени следните резултати:
Панама – Северна Ирска 0-0
Перу – Шкотска 2-0
Јапонија – Гана 0-2

Најнови вести