Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2018

Светскиот шампион продолжува со лошата форма на подготовките

Фудбалерите на Германија се поразени со 2-1 од Австрија во подготвителниот натпревар пред Светското првенство во Русија.

Избраниците на Јоахим Лев водеа на полувремето со 1-0 (Озил 11), но во вториот период од играта примија два гола и на крајот беа поразени.
Головите за Австрија ги постигнаа Хинтирегер во 53-тата и Шепф во 69-тата минута.
Лев се одлучи за следниот состав: Нојер – Ридигер, Шуле, Кимих, Хектор – Гундоган, Хедира, Озил, Брант, Сане – Петерсен. Во второто полувреме направи измени, Озил го замени со Дракслер, на местото од Петерсен влезе Гомес, Горецка го замени Гундоган, Сане го одмори Ројс, Вернер влезе на местото на Брант, додека Руди го замени Хедира.
„Панцирите“ продолжија со лошата форма во овие подготвителни натпревари бидејќи и понатаму немаат победа.
Во ноември минатата година ремизираа со Англија и со Франција, потоа во март одиграа 1-1 со Шпанија, додека од Бразил изгубија со 1-0.
Мундијалот во Русија на програмата е од 14-ти јуни до 15-ти јули, а Германија, која ја брани титулата, ќе игра во групата Ф против Шведска, Мексико и Јужна Кореја.

Најнови вести