Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Велс продолжи таму каде што застана во Франција

Фудбалерите на Велс во Кардиф ја победија репрезентацијата на Молдавија со 4-0 во првото коло од групата Д во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Велс уште од првата минута беше многу подобар ривал на теренот, главно се играше на половината на Молдавија и само прашање на време беше кога Герет Бејл и соиграчите ќе ја погодат мрежата на гостинската екипа.
За првиот гол се чекаше до 38-мата минута, кога Сем Вокс погоди за 1-0, по центаршутот на Бејл, додека на 2-0 зголеми Џо Ален во 44-тата минута.
На самиот почеток на второто полувреме, во 51-вата минута, Бејл ја искористи грешката на играчот на Молдавија, излезе сам пред голманот Илие Чебану и погоди за 3-0. Тој го постави и конечниот резултат во 95-тата минута од пенал.
Фудбалерите на Србија во Белград одиграа нерешено 2-2 со Ирска, додека Австрија во неделата, во првото коло на групата Д, славеше против Грузија со 2-1.

Најнови вести