Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Брејди преку Италија ја доведе Ирска во осминафиналето

Репрезентацијата на Република Ирска ја совлада Италија со 1-0(0-0) во последното коло од Групата Е и така го пополни едното од преостанатите две места во осминафиналето.

Јунак на победата на Ирците над „аѕурите“, чиј селектор, Антонио Конте, одлучи да ги одмори носителите на тимот пред борбата за четврт-финалето со Шпанија, беше Роби Брејди во 85-тата минута.
Во другиот натпревар од вечерниот термин исто така не гледавме премногу квалитетен фудбал, Швеѓаните се обидуваа на било кој начин да ја совладаат репрезентацијата на Белгија и да поминат понатаму, но тоталната офанзива во финишот ги чинеше пораз и испаѓање.
Раџа Најнголан ја натрча топката на работ на казнениот простор и испрати вистинска бомба во аголот на голот на Андреас Исаксон, а така го потврди дефинитивниот пласман понатаму. 
Тимот на Мартин О’Нил им се приклучи на репрезентациите на Германија, Англија, Шпанија, Франција, Унгарија, Северна Ирска, Италија, Полска, Словачка, Швајцарија, Велс, Исланд, Белгија и Португалија, поминувајќи за прв пат во втората фаза од двата најголеми фудбалски турнири, додека пак Турците ќе си заминат дома бидејќи сега се петта најдобра трето пласирана селекција. 

Најнови вести