Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2017

Лига на Европа: Црвена Звезда се врати со бод од Лондон

Црвена звезда одиграа без страв на гостувањето во Лондон кај Арсенал, му парираше на лондонскиот гигант, создадоа и неколку шанси, а на крајот заслужено беше 0-0.

Црвена звезда одигра без голови на гостувањето во Лондон кај Арсенал и со освоениот бод е втор на табелата во групата Х. 
Партизан до првата победа во групната фаза оваа сезона дојде со погодоците на Зоран Тошиќ од слободен удар во 39-тата минута, и на Леандре Тавамба по несебичното проигрување на Огнен Ожеговиќ во 66-тата. 
Шампионот на Хрватска пред две седмици славеше во Виена (3-1) и со победата во овој натпревар би имал реални шанси да се пласира понатаму. Но, наместо тоа, Матјаж Кек доживеа дебакл.
Прокоп ги доведе гостите во водство во 41-вата минута, а во 61-вата израмни Павичиќ. Но, само две минути подоцна, Прокоп со новиот погодок им ја врати предноста на гостите и крена лавина. До крајот Австрија постигна уште два гола, со погодоците на Сербест и Мошајн, и дојде до победа. Во меѓувреме, екипата на Риека остана со играч помалку бидејќи Мишиќ доби црвен картон.
По овој пораз, Риека е последна на табелата во групата Д со три бода, Австрија има четири, додека првопласираниот Милан има осум и АЕК шест бода е на втората позиција. Во натпреварот меѓу тие две екипи немаше голови – 0-0.
Во останатите натпревари, Лион убедливо го победи Евертон со 3-0 во групата Е и го исфрли од комбинациите за понатамошен пласман. Евертон сега има само еден бод по четири одиграни кола и е последен на табелата, а Лион, како и Аталанта, која ремизираше 1-1 на Кипар со Аполон, имаат по осум бодови и се на прагот на втората фаза. Трета екипа во групата е Аполон со три бода.
Во групата Ц беа одиграни две ремија. Во Истанбул беше 1-1 меѓу Башакшехир и Хофенхајм, а тој резултат беше и на средбата меѓу Лудогорец и Брага. По четири кола, бугарскиот тим е прв со осум бодови, еден бод помалку има Брага, трет е Хофенхајм со четири, а Турците имаат само два бода.
Кога станува збор за групата Ф, Копенхаген и Шериф со победите над Злин (3-0) и Локомотив од Москва (2-1) ја делат првата позиција пред последните две кола со по шест бодови. На третото место е клубот од Москва со пет, додека Злин има два бода.
Во групата А, Вилјареал и Астана се многу блиску до пласман. Вилјареал ја победи Славија во Прага со 2-0 и сега е прв со осум бода, додека Астана е втора со седум по победата над Макаби во Тел Авив со 1-0. Израелската екипа со поразот речиси ги изгуби шансите за вториот круг бидејќи по четири одиграни кола има само еден бод. Славија е трета со пет бода.

Најнови вести