Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2016

ЕП до 21 година: Во петок ждрепка за бараж

Шанси да се пласираат на првото Европско првенство до 21 година со 12 селекции имаат репрезентациите на: Србија, Шпанија, Норвешка и Австрија, коишто во ноември ќе играат бараж, а ждрепката на паровите ќе се одржи во петок.

Чешка ја освои Групата 1 со седум бодови пред Белгија и Црна Гора, додека „орлите“ беа втори во Групата 2 со еден бод помалку од Италија.
Македонија е прва во групата 3, Франција заврши втора и не се избори за место во баражот.
Во Групата 4, Португалија рутински беше најдобра пред Израел, додека Данска доминираше во Групата 5, со девет победи од десет натпревари и дури 11 бодови повеќе од Бугарија.
Драматично беше во Групата 6, актуелниот шампион Шведска заврши со еден бод пред најтрофејната селекција на Шпанија, додека единствено перфектен скор имаа Германците во Групата 7, пред Австрија.
Словаците во Групата 8 завршија пред Холандија, благодарение на серијата на ривалот од три натпревари без победа пред последното коло. Последната Група 9 убедливо ја освоија Англичаните, а во последното коло ја декласираа последнопласираната Босна и Херцеговина со 5-0 во Волсал.
Ждрепката за баражот за пласман на Европското првенство е во петок, а натпреварите се играат на седми и 15-ти ноември. Завршниот турнир на програмата е од 16-30 јуни 2017 година во Полска.

Последно коло на квалификациите:
Група 1:
Белгија – Летонија 0-1
Табела: Чешка 23, Белгија 18, Црна Гора 16, Малта 11, Летонија 9, Молдавија 7
Група 2:
Литванија – Италија 0-0
Србија – Словенија 3-1
Табела: Италија 24, Србија 23, Словенија 15, Ирска 12, Литванија 10, Андора 3
Група 3:
Македонија – Шкотска 2-0
Северна Ирска – Франција 0-2
Исланд – Украина 2-3
Табела: Македонија 21, Франција 20, Исланд 18, Украина 14, Шкотска 8, Ирска 2
Група 4:
Лихтенштајн – Португалија 1-7
Табела: Португалија 26, Израел 21, Грција 13, Албанија 12, Унгарија 12, Лихтенштајн 0
Група 5:
Данска – Луксембург 4-1
Бугарија Романија 2-0
Ерменија – Велс 1-3
Табела: Данска 28, Бугарија 17, Романија 16, Велс 16, Луксембург 6, Ерменија 1
Група 7:
Австрија – Германија 1-4
Русија – Финска 1-1
Табела: Германија 30, Австрија 22, Финска 14, Азербејџан 9, Русија 9, Фарски Острови 1
Група 8:
Турција – Словачка 1-1
Кипар – Холандија 1-4
Табела: Словачка 19, Холандија 14, Турција 11, Белорусија 8, Кипар 4
Група 9:
Англија – Босна и Херцеговина 5-0
Казахстан – Норвешка 0-3
Табела: Англија 20, Норвешка 16, Швајцарија 12, Казахстан 4, Босна и Херцеговина 3.

Најнови вести