Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2016

Интер го пушта Видиќ во МЛС

Српскиот фудбалер Немања Видиќ го договори спогодбеното раскинување на договорот со Интер, пренесoa италијанските медиуми.

Како што се наведува, Видиќ во следните денови како слободен играч ќе може да потпише договор со нов клуб, а се споменува и заминувањето во американската МЛС лига, најверојатно Ди Си јунајтед.
Видиќ оваа сезона не одигра ниту еден натпревар поради повредата на грбот, која ја доби ова лето на тренинг на „нераѕурите“.
Поранешниот репрезентативец на Србија не успеа да ги оправда големите очекувања на Интер од доаѓањето од Манчестер јунајтед во летото 2014 година.
За него претходно интерес покажаа Фиорентина, Спартак Москва, Фенербахче и Олимпијакос.

Најнови вести