Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2013

Нелсен од КПР е именуван за тренер на Торонто

Необична вест доаѓа од Квинс Парк Ренџерс: одбранбениот фудбалер Рајан Нелсен е именуван за тренер на Торонто кој се натпреварува во американската МЛС, но прашање е дали „ренџерси“ ќе го пуштат да замине.

Нелсен минатото лето дојде во КПР од Тотенхем и брзо се наметна како стандарден првотимец и тоа е причината што менаџерот на лондонскиот клуб, Хари Реднап, не сака лесно да го пушти триесет и петгодишниот фудбалер во тренерските води. Нелсен, кој е и капитен на репрезентацијата на Нов Зеланд, има договор со КПР до крајот на сезонава, а МЛС почнува во март.
Искусниот фудбалер во моментов преговара со Реднап, но се очекува да игра во сабота против неговиот поранешен клуб Тотенхем, а дали потоа Реднап ќе го пушти да замине, останува да се види.

Најнови вести