Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2016

Кливленд кавалирс продолжува сигурно кон финалето

Кошаркарите на Кливленд кавалирс поведоа со 2-0 во финалната серија на Истокот, откако во вториот натпревар во серијата беа поубедливи против Торонто репторс.

Кливленд на домашниот паркет го совлада Торонто репторс со 108:89 и ја оствари својата десетта победа по ред во плеј-офот со што стана трет тим кој го оствари споменатиот резултат. Пред Кавалирс тоа го сторија Лос Анџелес лејкерс во два наврати (1989 и 2001 година) и Сан Антонио спарс (2012).
Во победничката екипа доминираше Леброн Џејмс со 23 поени и со 11 скокови и асистенција, а најефикасен беше Кајри Ирвинг со три поени повеќе. Кевин Лав додаде 19 поени, со 5 дофатени топки. Од другата страна, единствен на нивото на натпреварот беше Демар Дерозен кој постигна 22 поени и имаше 5 скокови, но утна 8 од 18 шутеви од игра.
Потфрли Кајл Лаури бидејќи натпреварот го заврши со 10 поени (4-14 од игра) и 6 скокови. Плејмејкерот на Репторс имаше осум шута за тројка, а погоди само еднаш.
Серијата сега се сели во Торонто.

Најнови вести