Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2016

Џејмс: Нема опуштање

После девет победи во доигрувањето на Истокот најважниот кошаркар на Кливленд Леброн Џејмс изјави дека нема простор за опуштање.

Кливленд кавалирс во првиот натпревар во финалето на Источната конференција го победи Торонто со (115:84).
„Верувам дека нема да се опуштиме. Ние имаме цел во глава, а тоа не се девет триумфи, и порано победував девет пат по ред, па и 14. Ќе наидеме на пречки, свесни сме за тоа“ истакна Џејмс.
Тренерот на Репторс, Двејн Кејси, нагласи дека ништо не е готово. 
„Беа побрзи и посвежи. Да, резултатот е срамен, но тоа е само еден натпревар“, заклучи Кејси.

Најнови вести