Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Торонто не му се предава на Кливленд

Торонто репторс во четвртиот натпревар во финалето на Истокот ги совлада Кливленд со 105:99 и така го изедначи резултатот во серијата на 2-2, иако губеше со 2-0 по првите два натпревари.

Домаќинот одигра одлично во првото полувреме и го доби со 57:41, а Кливленд не успеаја да надоместат во следните 24 минути. Кај победниците Кајл Лаури постигна 35 поени (14-20 шутеви од игра, 4-7 за три поени), по пет скокови, асистенција и три украдени топки, Демар Дерозен постигна 32 погодоци. 
На другата страна Леброн Џејмс забележа 29 поени со девет скокови, шест асистенции и две украдени топки, додека Кајри Ирвинг постигна 26 погодоци. 
Петтиот натпревар ќе се одигра во Кливленд, ноќта меѓу среда и четврток во 2:30 часот.

Најнови вести