Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2013

Поранешниот стопер на Јунајтед ја смени средината во МЛС-лигата

Микаел Силвестр, поранешниот одбранбен играч на англискиот гигант Манчестер јунајтед, ги засили редовите на американскиот клуб во МЛС-лигата Портланд тимберс.

Триесет и петгодишниот Французин пристигна од редовите на ривалот Сиетл саундерс, откако успешно го помина пробниот рок од две недели.
Силвестр е најпознат по своите десет сезони одработени во редовите на Манчестер јунајтед, со кого освои пет англиски шампионски титули и една во Лигата на шампионите. По Јунајтед, Силвестр помина две сезони во Арсенал.
„Микаел ќе ни го донесе повеќе од потребното искуство на теренот, но и во соблекувалната. Тој е квалитетен на двете страни на одбраната, па сигурно ќе ни ја направи многу поцврста од досега“, изјави тренерот на Тимберс, Калеб Портер.
Силвестр за репрезентацијата на Франција настапи во 40 натпревари и беше учесник на Светското првенство 2006 година во Германија.

Најнови вести