Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2015

Ламберт ќе го замени Дрогба?

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, изјави дека сака да го доведе Рики Ламберт, напаѓачот на Ливерпул, како замена за ветеранот Дидие Дрогба, пренесуваат англиските медиуми.

На Дрогба му истекува договорот на крајот на сезоната и најверојатно нема да го продолжи, по што Челзи ќе понуди пет милиони фунти за 33-годишниот напаѓач на Ливерпул.
Мурињо на листата на желби има уште едно име коешто би можело да биде алтернатива на Диего Коста и на Лоик Реми, а тоа е Емануел Адебајор, фудбалерот на Тотенхем.
Ламберт летоска од Саутхемптон направи трансфер во Ливерпул, но немаше успешна сезона откако постигна само два гола во Премиер лигата и главно беше на клупата за резерви.
Тој во текот на кариерата играше за Блекпул, Мансфилд, Стокпорт, Рочдејл и Бристол.

Најнови вести