Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2014

Коста во болница, Мурињо го има само Дрогба?

Како што стојат работите, Челзи против Манчестер јунајтед ќе игра само со еден класичен напаѓач во протоколот, и тоа ветеранот Дидие Дрогба, моментно единствениот способен да игра натпревар.

Преостанатите двајца напаѓачи, Диего Коста и Лоик Реми се повредени и се под голем знак прашалник дали ќе закрепнат до недела. Но, најголема грижа на Мурињо му е Бразилецот со шпански пасош, најдобриот стрелец на тимот со девет голови, кој ги пропушти претходните два натпревари поради повреда на препоните, но и поради стомачен вирус, од којшто се разболи во текот на репрезентативните активности.
Англиските медиуми пишуваат дека Коста завршил во болница поради проблемот што му го предизвикал вирусот. Тој ги пропушти натпреварите со Кристал палас и со Марибор и многу е веројатно дека нема да биде во комбинација за дербито против Манчестер јунајтед.
Ситуацијата со Реми е малку поповолна, но ниту Французинот не е фит, со оглед на тоа дека се повреди во текот на натпреварот со Марибор.
„Ќе видиме што ќе кажат снимките. Навистина се надевам дека не е толку страшно. За среќа, застанав во оној момент кога почувствував болка во препоните. Тоа се случуваше пред да го постигнам голот. Ако не се чувствувам сто отсто подготвен за да играм, подобро е да го препуштам местото на некој целосно здрав играч“, изјави Реми.

Најнови вести