Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2016

УЕФА го исфрли Галатасарај на две години

УЕФА го исфрли Галатасарај од европските купови на две години поради кршење на правилата на финансискиот фер–плеј.

Турскиот великан не го исполни нивото на дозволени финансиски загуби кои го пропишува правилникот на УЕФА.
Галатасарај во моментов се наоѓа на петтото место во турската Суперлига, на позиција која не му носи пласман во европските натпреварувања за следната сезона.
Освојувачот на Купот на УЕФА од 2000 година претходните четири сезони играше во Лигата на шампионите, а минатата седмица беше елиминиран во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа од Лацио.

Најнови вести