Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2015

Клоп прво го носи Гроскројц

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд Кевин Гроскројц ќе биде првото засилување на Јирген Клоп во Ливерпул, пренесуваат британските медиуми.

Гроскројц кој ова лето потпиша за Галатасарај, но паузира до 1-ви јануари поради тоа што Турците не ги завршија навреме формалностите околу трансферот, без многу размислување се согласил на понудата од својот некогашен тренер.
Германскиот фудбалер во Дортмунд, каде што успеа да освои две Бундес лиги, играше на повеќе позиции, главно настапуваше како крилен играч, голем дел беше и во нападот, а едно време беше и десен бек.
За репрезентацијата на Германија одигра пет натпревари и беше член на тимот кој го освои Мундијалот во Бразил.

Најнови вести