Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2018

Снајдер се пресели во Катар

Фудбалерот од средината на теренот на холандската репрезентација и поранешната ѕвезда на Интер и Реал Мадрид, Весли Снајдер, потпиша за катарскиот Ал Гарафа.

Пред осум години Снајдер беше во врвна форма. Со Интер ја освои Лигата на шампионите и беше еден од главните играчи во тимот, а со Холандија стигна во финалето на Мундијалот каде беше поразен од Шпанија.
Таа година му фалеше само пехарот од Светското првенство да ја оствари сезоната од соништата и затоа изненадува неговиот пат до катарската прва лига.
По шестмесечниот престој во Ница, Холанѓанецот како слободен играч продолжува во Катар, а со Ал Гарафа потпиша договор на година и половина и својот прв натпревар може да го одигра овој петок..
Кариерата ја почна во Ајакс, а ѕвездените моменти ги доживеа во Интер после кој настапуваше и за Реал Мадрид и за Галатасарај. Не ја достигна повторно формата од Интер, а со 33 години веќе е на залезот на играчката кариера.

Најнови вести