Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2015

Снајдер: Пред Холандија се две финалиња

Весли Снајдер, играчот за врска на Холандија, последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство ги најави како финалиња.

Холанѓаните во сабота гостуваат кај Казахстан, а во вторник ги дочекуваат Чесите во натпреварите коишто мора да ги добијат доколку сакаат шанса да се пласираат во Франција следната година.
„Лалињата“ имаат само десет бодови од осум натпревари во групата А и се наоѓаат на четвртото место, само со два бода помалку зад Турција, која е на третото место, кое води во баражот за Европското првенство.
„Едноставно, мораме да освоиме шест бодови и да ги чекаме резултатите на Турција. Неколкупати рековме дека пред нас се две финалиња, навистина е така“, изјави Снајдер.
Турците гостуваат кај второпласираната Чешка, па го дочекуваат лидерот на групата, Исланд, селекциите коишто обезбедија пласман на Европското првенство следната година.

Најнови вести