Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2017

Балотели и Снајдер не играат против Наполи

Францускиот клуб ќе биде значително ослабен во обидот преку плејофот против Наполи да стигне до Лигата на шампионите.

Тоа што го најави тренерот Луцијан Февр во петокот, клубот го потврди вчера, Ница против Наполи нема да може да смета на Марио Балотели и на Весли Снајдер.
Троа во првенството ја победи Ница пред три дена и уште тогаш тренерот на екипата најави дека Балотели, кого го мачи коленото, и Снајдер, кој само што ѝ се приклучи на екипата, нема да играат против Наполи.
Клубот го објави списокот со имињата на играчите коишто ќе играат и во него ги нема италијанскиот напаѓач и холандскиот играч за врска. Снајдер во Ница дојде пред десетина дена, откако од средината на јули беше без клуб.
Претходно играше за Галатасарај.

Најнови вести