Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2014

Снајдер сака во Јувентус

Агентот на Весли Снајдер, фудбалерот на Галатасарај, преговарал со Јувентус околу трансфер, пренесоа турските медиуми.

Снајдер е незадоволен во Галатасарај, тој не прима редовно плата и сака да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок.
Турските медиуми пренесоа дека Снајдер сака да се врати во италијанската Серија А, каде што со Интер ја освои тројната круна во 2010 година.
Неговиот агент Гидо Алберс наводно во Торио разговарал со директорите на Јувентус и им рекол дека неговиот клиент сака да игра за „црно-белите“.
Британските медиуми пренесоа дека за холандскиот фудбалер е заинтересиран Манчестер јунајтед.

Најнови вести