Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2017

Подолски оди во Јапонија

Лукаш Подолски, поранешниот германски репрезентативец и напаѓач на Галатасарај, на крајот на сезоната ќе ги засили редовите на јапонскиот Висел Кобе.

Триесет и едногодишниот офанзивен играч, освојувач на Светското првенство 2014 година во Бразил, на „Инстаграм“ ја објави веста за промена на клубот.
„Ова не е одлука против Галатасарај, ова е одлука за нов предизвик. Ќе објаснам повеќе кога ќе биде вистинско време. Сега во прв план ми е да му помогнам на Галатасарај и на неговите фантастични навивачи“, изјави Подолски.
Подолски кариерата ја почна во Келн, потоа играше во Баерн, повторно во Келн, Арсенал, Интер и Галатасарај од 2015 година.

 

Најнови вести