Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2013

Неста најави крај на кариерата

Алесандро Неста, 37-годишниот поранешен одбранбен играч на Милан и италијанската фудбалска репрезентација, ќе ги обеси копачките на клин по завршувањето на сезоната во МЛС-лигата.

Веста ја објави самиот Неста, кој по завршувањето на играчката кариера сака да ѝ се посвети на тренерската.
„Сакам да почнам со тренерска работа. Планирам да се одморам неколку месеци пред да почнам да го учам занаетот“, изјави Неста, актуелниот играч на МЛС-екипата Монтреал импакт.
Неста професионалната кариера ја почна во Лацио во 1993 година, а во 2002 отиде во Милан. Боите на „росонерите“ ги бранеше десет години, пред да направи трансфер во Монтреал. Во Серија А настапи во 417 натпревари, како и во 101 средба во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување кое со Милан го освои двапати (2003 и 2007 година).
Во дресот на италијанската репрезентација собра 78 настапи, а во 2006 година беше дел од екипата која ја освои светската шампионска титула.

Најнови вести