Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2013

Неста зема одмор, па се фрла во тренерските води

Пензионираниот 37-годишен италијански фудбалер Алесандро Неста откри дека има тренерски амбиции, но откако ќе земе заслужен одмор по повеќе од дваесет години играње.

Неста и официјално ја заврши кариерата на први ноември, кога неговиот Монтреал импакт со 3-0 беше поразен кај Хјустон динамо, во средбата од осминафиналето од доигрувањето на американско-канадската МЛС лига.
„Искрено, многу сум среќен што е крај, бидејќи моето тело е многу уморно. Време е. Дваесет години играв на највисоко ниво и имав среќа да освојувам бројни трофеи.Почнувам нов живот со семејството и новата работа“, изјави италијанскиот стопер, па откри:
„Сега одам да живеам во Мајами една година, бидејќи сакам да научам некои нови работи. Потоа сакам да станам тренер. Не знам кога ќе биде тоа и каде, но сакам да се обидам во тренерската работа“, додаде овој освојувач на Светското првенство во 2006 година.
Неста за италијанската репрезентација настапи 78 пати, а во Серија А дебитираше уште во далечната 1994 година.

Најнови вести