Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2014

Дрогба си оди од Галатасарај

Дидие Дрогба, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, објави дека планира да го напушти Галатасарај ова лето, кога му истекува договорот.

Триесет и шестгодишниот Дрогба во Истанбул стигна во јануари 2013 година и му помогна на својот тим да ја освои шампионската титула на Турција и Суперкупот.
„Галатасарај засекогаш ќе остане во моето срце, горд сум што сум играл за овој тим. Не дојдов овде поради парите. Да сакав пари, ќе останев во Кина. Дојдов во Турција за да играм фудбал, повторно да ја почувствувам страста. Верувам дека со головите против Фенербахче и на Бешикташ направив среќни многу навивачи“, изјави Дрогба.
Дрогба изјави дека го наговорил еден поранешен менаџер да дојде во Галатасарај.
„Жозе Мурињо и Весли Снајдер имаа големо влијание на мојата одлука да дојдам овде. Жозе ми рече: ‘Ако Весли оди таму, треба и ти да одиш’, па јас го послушав. Одлично е чувството што можев да играм со Снајдер во тимот“, додаде Дрогба.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во текот на кариерата играше за Ле Ман, Генгамп, Марсеј, Челзи, Шангај Шенхуа, а во дресот на Галатасарај одигра 53 натпревари во сите натпреварувања и постигна 20 голови.
Дрогба не најави каде би можело да ја продолжи кариерата, но изјави дека моментно приоритет му е Светското првенство во Бразил.

Најнови вести