Корисничко име Лозинка Пријави се
06.6.2013

Балак се пензионира со хет-трик

Во Лајпциг, пред околу 50 илјади навивачи, Михаел Балак го одигра својот последен натпревар и постигна хет-трик.

Екипата Балак и пријателите е поразена од Светската селекција, која ја предводеа Дидие Дрогба, Филип Лам и Андриј Шевченко, а самиот Капитанос, како што го нарекуваат Германците, постигна три погодоци на својата проштална средба. Германецот одигра по едно полувреме за двете екипи, а за својата постигна два, додека за Светската селекција еден погодок, но победнички. Од друга страна, Дрогба постигна два, а Ширле еден гол.
Балак во пензија е испратен со овации од сите гледачи на стадионот, а на последниот натпревар му дојдоа поранешниот селектор Јоахим Лев и поранешниот тренер во Челзи, Жозе Мурињо.
Германецот донираше 100 илјади евра за семејствата на кои поплавите оваа седмица во Германија им ги уништија домовите.
Кариерата ја почна во Кемницер, па продолжи во Кајзерслаутерн. Од 1999 до 2002 година прв пат го носеше дресот на Баер Леверкузен, а во 2002 се пресели во Баерн Минхен и за „баварците“ играше до 2006 година. Оттогаш, па до 2010 година беше член на Челзи, единствениот клуб надвор од германските граници, а во 2010 повторно се врати во Баер.
За репрезентацијата одигра 98 натпревари и постигна 42 погодоци. Во кариерата четири пати беше шампион на Германија, три пати победник на Германскиот куп, додека еднаш ја освои и англиската Премиер лига.

Најнови вести