Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2014

Дрогба и Јаја ги предводат „слоновите“

Сабри Ламуши, селекторот на Брегот на Слоновата Коска, го одреди конечниот состав за Мундијалот, а го предводат ѕвездите на Манчестер сити и Галатасарај.

Во тимот на популарните „слонови“, чиј главен адут ќе претставува квалитетниот напаѓачки ред, уште се Жервињо од Рома, Коло Туре од Ливерпул и Саломон Калу од Лил.
Африканската селекција во групата Ц на Мундијалот ќе игра со Колумбија, Грција и Јапонија, а Ламуши се определи за следните 23 фудбалери:
Голмани: Бубакар Бари (Локерен), Силван Гбохуа (Севе Спорт), Сајуба Манде (Стабек);
Одбрана: Жан-Даниел Акпа Акпро (Тулуз), Серж Орие (Тулуз), Сулејман Бамба (Трабзонспор), Артур Бока (Штутгарт), Виера Дијарасуба (Ризеспор), Констант Џакра (Ајнтрахт Франкфурт), Коло Туре (Ливерпул), Дидие Зокора (Трабзонспор);
Средина на теренот: Жофри Сереј Дије (Базел), Исмаел Диоманде (Сент Етјен), Макс Градел (Сент Етјен), Шеик Тиоте (Њукасл), Јаја Туре (Манчестер сити), Дидие Ја Конан (Хановер);
Напаѓачи: Матис Боли (Фортуна Диселдорф), Вилфред Бони (Свонси), Дидие Дрогба (Галатасарај), Жервињо (Рома), Саломон Калу (Лил), Џовани Сио (Базел).

Најнови вести